BIONIKA
Произведувач: БИОНИКА ,BIONIKA
Подигнете и платете во аптека
Халсепт (Hallsept) е медицинско средство во облик на спреј за уста и грло кое придонесува за олеснување на болката и воспаленијата.
Состав-Спрејот содржи природна комбинација од активни компоненти:
Левоментол и етерично масло од нане – создаваат чувство на ладење и ја ублажуваат болката.
Тимол – има силно антисептично и антибактериско дејство.
Етерично масло од еукалиптус и жалфија – помагаат во регенерација на оштетената слузница.
Етерично масло од каранфилче – делува како локален аналгетик (ја намалува болката).
Индикации
Халсепт се препорачува за:
Воспалителни промени и инфекции во грлото.
Намалување на болката при голтање.
Афти, мали ранички и воспаленија на непцата (гингивитис) во усната празнина.
Неутрализирање на лош здив.
Дозирање
Пред употреба, растворот се распрскува директно на засегнатото место:При болки во грлото: 2 до 3 распрскувања во задниот дел на грлото на секои 3 до 4 часа.При воспаленија во устата: 2 до 3 распрскувања, 3 до 4 пати на ден, најдобро половина час по јадење. По распрскувањето се чека 15 секунди, па растворот се голта.При лош здив: 2 до 3 распрскувања по потреба или по оброк.