Кое е работното време на Аптека Амброзија Фарм во Скопје?
Аптека Амброзија Фарм во Скопје работи од понеделник до петок од 08:00 до 21:00 часот, и во сабота од 08:00 до 15:00 часот. Државни празници и недела се неработни денови за аптека Амброзија Фарм.
Дали ми треба рецепт за да купам лекови во Аптека Амброзија Фарм?
Во Аптека Амброзија Фарм во Скопје, за фондовски лекови , антибиотици, хормонски лекови, антидепресиви, седативи и сите други лекови кои подлежат на резим на издавање само со рецепт, согласно македонското фармацевтско законодавство МАЛМЕД, треба да имате валиден рецепт од матичен лекар или специјалист. Безрецептните препарати како на пример: аналгетици, антипиретици,витамини,суплементи, препарати за настинка и грип, топикални препарати и други кои не подлежат на резим на издавање со рецепт можете да ги купите без рецепт.
Дали Аптека Амброзија Фарм прифаќа здравствено осигурување преку ФЗОМ?
Да .Аптека Амброзија Фарм издава лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) кои се наоѓаат на националната позитивна листа на лекови. Пациентите плаќаат партиципација и доплата за одредени лекови по сопствен избор и во консултација со фармацевтите во аптека Амброзија Фарм.
Дали можам да добијам генерички лек во Аптека Амброзија Фарм наместо брендиран?
Да. Аптека Амброзија Фарм располага со широк избор на генерички лекови кои содржат иста активна супстанца, иста јачина и исто терапевтско дејство како оригинаторите но по пониска цена во однос на оригинаторите. Фармацевтите во Амброзија Фарм можат да ви препорачаат соодветен генерички еквивалент за вашиот пропишан лек.
Кои производи без рецепт се достапни во Аптека Амброзија Фарм?
Аптека Амброзија Фарм во Скопје располага со широк асортиман на безрецептни производи, суплементи, назални деконгестиви, сирупи за кашлица, антациди, пробиотици, производи за дигестивно здравје, средства за нега на рани и антисептици, итна контрацепција, козметика, дермокозметика, производи за нега на деца и бебиња, детска храна, безглутенска храна, медицински помагала како инхалатори, небулизатори, спреј-комори за инхалатори, апарати за мерење крвен притисок, глукомери , системи за континуирано следење на глукоза, и многу други производи.
Дали фармацевтите во Аптека Амброзија Фарм можат да ми дадат здравствен совет без лекарски преглед?
Да. Лиценцираните фармацевти, во Аптека Амброзија Фарм се професионални здравствени работници кои можат да Ви обезбедат бесплатен стручен совет за лесни здравствени состојби, вклучувајќи главоболка, сезонски алергии, дигестивни проблеми, лесни кожни состојби како и симптоми на настинка и грип.Фармацевтите ќе Ви дадат совет kako правилно да го земете новопропишаниот лек,можните несакани ефекти и контраиндикации од неговото користење и доколку постои потреба ќе Ве упатат на консултација кај матичен лекар или специјалист. Не е потребна претходно закажана посета за Вашата консултација.
Како можам да проверам дали моите лекови имаат опасни интеракции пред да купам во Аптека Амброзија Фарм?
Пред да издадат кој било лек, фармацевтите во Аптека Амброзија Фарм ја проверуваат вашата терапија за можните интеракции меѓу лековите. За да добиете најточна проверка, донесете писмена листа на сите лекови, суплементи, витамини и билни препарати кои моментално ги земате. Честите опасни комбинации како на пример варфарин со НСАИЛ, статини со грејпфрут, кантарион со антидепресиви и др. ќе Ви бидат објаснети за време на бесплатната консултација со фармацевтите .
Што да направам ако заборавам да земам доза од мојот лек?
Доколку заборавите да ја земете вашата доза од лекот, земете ја веднаш штом ќе се сетите освен ако следната доза е за само неколку часа, во тој случај прескокнете ја заборавената доза и продолжете по пропишаниот режим на дозирање. Никогаш не земајте двојна доза одеднаш за да ја надоместите пропуштената доза од лекот. За лекови како антибиотици, лекови за крвен притисок, срце, антикоагуланси, лекови за дијабетес, епилепсија јавете се или посетете ја Аптека Амброзија Фарм и фармацевтот ќе ве насочи кон најбезбедниот начин на земање на вашиот лек.
Како треба да ги чувам лековите купени во Аптека Амброзија Фарм?
Одредени лекови купени во Аптека Амброзија Фарм треба да се чуваат на собна температура помеѓу 15 и 25°C, подалеку од директна сончева светлина, извори на топлина и влага. Лековите кои бараат ладење, како инсулин, одредени течни антибиотици или капки за зголемен очен притисок (глауком) треба да се чуваат на температура од 2 до 8°C. Сите лекови треба да се чуваат во оригинална амбалажа со упатство за употреба според пропишаните услови наведени на самата декларација на лекот и на место недостапно за деца. Истечените или неискористени лекови можете да ги вратите во Аптека Амброзија Фарм за безбедно отстранување и никогаш не ги фрлајте во домашен отпад и не ги испуштајте во канализација.
Дали Аптека Амброзија Фарм нуди достава или онлајн нарачки во Скопје?
Аптека Амброзија Фарм обезбедува информации за достапните опции за нарачка на безрецептни производи, козметика, суплементи и медицински помагала директно преку аптеката. Лековите на рецепт бараат лична верификација од страна на фармацевтот и фармацевтскиот техничар како и важечки електронски или хартиен рецепт пред издавање, согласно македонските фармацевтски прописи од МАЛМЕД. Контактирајте ја Аптека Амброзија Фарм директно за да дознаете за тековните опции за достава или подигнување на вашата нарачка во аптека.