Балсам за потемнување и совршен тен преку лето
Балсамот за потемнување е твојата совршена формула за брзо и природно постигнување темен, златен тен под сончевите зраци. Со нежна, кремаста текстура и свеж мирис што потсетува на лето, овој балсам е направен со висококвалитетни природни состојки кои ја штитат кожата. Природниот пигмент од морков и бета каротен се клучни за потемнување на кожата, додека аргановото масло и екстрактот од невен ја одржуваат кожата хидрирана, мека и заштитена од сушење и лупење.
Употреба:
Најпрво, нанесете крем со заштитен фактор според вашиот тип на кожа на целото тело. Потоа, нанесете од балсамот за потемнување и нежно масирајте додека не се впие во кожата.
Сончaјте се на шарена сенка каде што сонцето делумно ве гали, но не ве пече директно. Повремено свртувајте се за рамномерно потемнување и избегнувајте предолго и директно изложување, особено ако кожата ви е осетлива или лесно црвенеете.
По сончање, но и за хидратација и смирување на кожата по сонце, посебно го препорачуваме нашиот лосион за тело со алое вера, вистински освежувач за кожата после жешкиот ден.
Забрзува потемнување на кожата со природни пигменти од морков и бета каротен.
Богат со арганово масло и витамин Е кои длабински ја хранат и омекнуваат кожата.
Помага во зачувување на влажноста, спречува појава на сувост и иритации, правејќи ја кожата мека и сјајна.
Безбедно за трудници и мајки доилки.